Силен земјотрес ја погоди Грција: Епицентарот во близина на Лариса
Грција денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на растојание од 149 километри од градот Лариса.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван силно и траел долго време






