Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда

Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека утрово е убиен генерал-мајор Маџид Хадем, без да наведе детали.

Хадем беше шеф на разузнавањето на ИРГЦ.

Претходно, израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека бил информиран оти израелската армија го елиминирала Хадеми. Според Кац, Хадеми е директно одговорен за смртоносните ракетни напади врз израелските цивили.

Back to top button
Close