Белата куќа потврди дека медијаторите предложиле 45-дневен прекин на огнот во Иран

Белата куќа денеска потврди дека медијаторите предложиле 45-дневен прекин на огнот во Иран, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп не ја потврдил идејата.
„Ова е една идеја меѓу многуте и претседателот не ја потврдил. Операцијата „Епски бес“ продолжува и претседателот ќе одржи прес-конференција денеска во 13 часот по локално време (17 часот по Гринич), изјави висок американски функционер.
Според американското издание „Аксиос“, пакистанските, египетските и турските медијатори предложиле 45-дневен прекин на огнот. Трамп му дал на Иран ултиматум до утре вечер и рекол дека ако не се исполни, инфраструктурата во земјата ќе биде погодена.
Претходно денеска, Иран соопшти дека ги формулирал своите идеи за прекинот на огнот како одговор на предлогот.





