Астронаутите на „Артемис 2“ тргнаа кон другата страна на Месечината, ќе отидат најдалеку од сите досега

Мисијата „Артемис 2“ тргна во соборувањето на рекордот на „Аполо 13“, додека луѓето патуваат подалеку во вселената од кога било досега. На 11 април 1970, „Аполо 13“ отпатува 400.171 километар од Земјата, но Кристина Кох, Виктор Гловер, Рид Вајсман и Џереми Хансен се стремат да одат подалеку и да станат првите луѓе кои ја виделе далечната страна на Месечината.
Во текот на ова попладне, „Орион“ целосно ќе потпадне под гравитационата сила на Месечината, а екипажот ќе се разбуди за да започне со поставување на кабината за прелетот. „Орион“ треба да помине зад Месечината ноќва во 00:44 часа и повторно да се појави од другата страна 41 минута подоцна.
Додека „Орион“ поминува зад нашиот небесен сосед, радио и ласерските сигнали што овозможуваат комуникација помеѓу вселенското летало и Земјата ќе бидат блокирани од самата Месечина. Околу 40 минути, четворицата астронаути ќе бидат сосема сами и ќе го поминат тоа време во набљудувањето на Месечината – фотографирање, проучување на геологијата и едноставно гледање во нејзината мрачна убавина.
И покрај беспрекорното извршување на мисијата досега, тоа, сепак, ќе биде нервозно чекање за водачите на мисијата и за семејствата на астронаутите, додека се чекаат повик од Рид Вајсман и повторно воспоставување на контактот.
„Орион“ нема да слета на површината на Месечината, туку ова патување ја подготвува сцената за мисијата „Артемис 3“. Астронаутите ќе ја фотографираат Месечината, ќе ја скицираат и ќе снимаат аудиоснимки за нивните набљудувања.






