Хегсет: Иран утре ќе мора да направи мудар избор, бидејќи Трамп не се шегува

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вечерва изјави дека утре го продолжува ултиматумот поставен од претседателот Доналд Трамп и дека му советува на Иран да направи мудар избор бидејќи американскиот претседател не се шегува.
„Иран утре ќе мора да направи мудар избор, бидејќи Доналд Трамп не се шегува“, рече Хегсет на прес-конференција на која Трамп прв зборуваше.
„САД утре ќе извршат најмногу напади, повеќе отколку на првиот ден од нападите“, на 28 февруари, додаде Хегсет, наведувајќи дека тоа ќе се случи ако Иран не го прифати ултиматумот.
Пред Хегсет, Трамп ги повтори заканите и додаде дека „целиот“ Иран може да биде „уништен преку ноќ“, и дека „ноќта може да биде вторник навечер“.
„Вторник, 20 часот по време во Вашингтон“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social во неделата.
„Без договор, ќе видите како мостови и електрани се уриваат низ целата земја“, изјави Трамп за „Фокс њуз“ вчера, повторувајќи ја својата закана.






