Венс: САД ќе соработуваат со секој кој ќе победи на изборите во Украина

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој е во официјална посета на Будимпешта, изјави дека Вашингтон ќе соработува со секој кој ќе победи на изборите во Унгарија.
– Премиерот Виктор Орбан го отвори патот за енергетска безбедност и независност, а европските лидери кои се борат со енергетската криза едноставно мораа да го следат примерот што го постави унгарскиот премиер, наведе Венс за време на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер.
Венс посочи и дека Вашингтон сака Европа да успее, енергијата да биде прифатлива за европските семејства и континентот да постигне енергетска независност, или дури и да има доминантна улога.
Американскиот потпретседател наведе и дека го поддржува Орбан на претстојните парламентарни избори, што се закажани на 12 април.
– Секако, не очекувам народот на Унгарија да го слуша потпретседателот на САД, тоа не е главната причина зошто сум тука, но сакам да испратам порака до сите, особено до бирократите во Брисел, кои направија сè што можеа за да го потиснат народот на Унгарија затоа што не го сакаат лидерот, кој всушност застана во одбрана на народот на Унгарија, наведе Венс.






