Доналд Трамп Помладиот: ЕУ е катастрофа, а Орбан е голем борец за западните вредности

Синот на актуелниот американски претседател, Доналд Трамп Помладиот при денешната посета на Бања Лука ја критикуваше Европа, но го пофали унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Доналд Трамп Помладиот беше главен говорник на состанокот со локални бизнисмени и политичари од Република Српска, организиран во седиштето на градската администрација на Бања Лука. Тој ги пофали тргувањето со криптовалути и бизнисот потпомогнат од вештачка интелигенција.
– Демократијата секогаш не е демократија. Секогаш била и понатаму во дел од светот е оружје што ни создава проблеми, наведе Трамп Помладиот.
Тој одговарајќи на прашање за престојните парламентарни избори во Унгарија, посочи дека „Орбан е голем борец за западните вредности“.
– Тие луѓе (Унгарците) мора да излезат на извори и да осигурат дека комунистите нема да ја преземат власта во Унгарија, бидејќи ако таа падне ќе падне и останатиот дел од Источна Европа, посочи Трамп Помладиот.
Тој додаде дека за инвеститорите Европска Унија е „катастрофа, која треба да се поправи“, а „источноевропејците“ се последните спасители на Европа и поради тоа треба да им се помогне“.
Домаќин на Трамп Помладиот беше синот на Милорад Додик, Игор, кој е о секретар на владејачката партија Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД). Игор Додик посочи дека САД и босанските Срби делат исти вредности.






