Видео: Жена со автомобил возеше по велосипедска патека на кеј


На социјалните мрежи е објавено видео од црвен автомобил марка „Шевролет“ кој вози по велосипедската патека на кејот на Вардар.

Според описот на видеото, станува збор за вработена во ЈП „Паркови и зеленило“.

Во описот стои: „Да ја направиме позната. Работела во паркови и зеленила… Баш ја личи секоја чест! Нова улица во нашиот Град! Со среќа нека е“.

Овој случај доаѓа кратко по неодамнешното објавување на видео од жена која со автомобил возеше низ паркот „Жена борец“ во Скопје, по што МВР интервенираше и ѝ поднесе кривична пријава.

Back to top button
Close