Посебен сообраќаен режим во Скопје за Велигден, ќе се затвораат улици

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен во Скопје по повод празникот „Воскресение Христово – Велигден“, при што дел од улиците во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, ќе бидат привремено затворани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром“, соопшти МВР.

Во периодот од 18 часот, па до завршување на празничните активности, дел од клучните булевари ќе бидат затворени по потреба.

„Утре (11.04.2025) во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата… во центарот на град Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: бул. „Партизански Одреди“ од крстосница со ул. „Франклин Рузвелт“ до крстосница со бул. „ВМРО“, бул. „Св. Климент Охридски“ од крстосница со бул. „Илинден“ до крстосница со ул. „Димитрие Чуповски“, како и ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со ул. „9-ти Мај“ до кружна крстосница со ул. „Св. Кирил и Методиј““, соопшти МВР.

Измени ќе има и во движењето на јавниот превоз, особено за автобусите што минуваат низ централното подрачје.

„На возилата од јавниот градски сообраќај… по потреба ќе им се менува трасата на движење… ќе се движат по бул. „Илинден“ и преку ул. „Франклин Рузвелт“ ќе се вклучуваат на бул. „Партизански Одреди“…“, соопшти МВР.

Дополнителни ограничувања се предвидени и во други делови од градот.

„Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул. „Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“… Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче“, соопшти МВР.

Полицијата најавува дека по потреба ќе бидат затворани и други улици во близина на верските објекти и апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките.

„По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите.

Back to top button
Close