Собослај: Енфилд ќе има големо влијание

Фудбалерите на Ливерпул вечерва од 21 часот го играат реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите против европскиот првак ПСЖ. Гостите од Франција имаат предност од два гола откако на првиот дуел во средата победија со 2:0.
– Верувам дека можеме да ја надополниме од два гола.Многу пати сме покажале менталитет. Енфилд ќе има големо влијание, а сме го виделе тоа многу пати и сезонава и минатата сезона и во минатото. Секако дека ќе биде поинаков натпревар од првиот, изјави играчот на Ливерпул Доминик Собослај.
Ливерпул и ПСЖ и минатата сезона играа во нок-аут фазата од Лигата на шампионите. На двата дуела победа од 1:0 постигнаа гостите, Ливерпул во Париз, а ПСЖ на Енфилд и по изведување пенали ПСЖ го продолжи натпреварувањето и на крајот ја освои европската титула.






