Песков: Ограничувањата на пристапот до интернет се привремени, ќе бидат укинати кога ќе помине безбедносната закана

Русија во моментот е принудена да воведе дигитални ограничувања од безбедносни причини, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Не, ова не е чекор назад. Моментално сме во ситуација каде што безбедносните причини бараат преземање одредени мерки, наведе Песков, при тоа додавајќи оти пристапот до интернет во Русија ќе биде вратен во нормала кога овие ограничувања повеќе нема да бидат потребни.

Тој истакна дека ограничувањата непријатности за многу граѓани, но оти поголемиот број Руси разбираат зошто ваквите ограничувања се неопходни.

Песков посочи дека странските апликации за пораки мора да се придржуваат кон руските закони, а во спротивно Москва ќе им воведе ограничувања.

– Што се однесува до ограничувањата за апликациите за пораки, тие се поврзани со потребата одредени странски компании да се придржуваат кон нашите закони. Ако не го сторат тоа, ние преземаме мерки. Ова е сосема нормален пристап, кој се применува во многу земји, наведе Песков

Back to top button
Close