СДСМ:  Граѓаните веќе гледаат: Платформата ЗНАМ 2.0 со писмо за дефокус токму пред Фон дер Лајен!

Соопштение на СДСМ:

Кога стигна документот од Платформата-ЗНАМ 2.0?

 

Вчера, токму пред прес конференцијата на Фон дер Лајен на која кажа дека македонските јазик и идентитет се добредојдени во ЕУ, на која кажа дека нема патокази за Македонија и го упати Мицкоски во Бугарија.

Иако најавија дека два дена порано ќе го донесат писмото го донесоа токму еден час после нашиот прес за Лаура Ковеши и пред прес конференцијата на Фон дер Лајен.

 

Уште еден дефокус. Да го тргат вниманието од главниот проблем: застанувањето на Македонија кон ЕУ .

 

🎛️ Далечинско кога болат фактите.

 

Кога се случува?

 

Кога СДСМ објавува дека услов за кандидатите е прво да се пушти во работа европското обвинителство.

 

Еден час по прес-конференцијата каде се потврдува целата вистина којашто ја говори СДСМ, кога се потврдува целата вистина зошто Мицкоски не сака во Унијата.

 

Кога имаме целосна потврда од Фон дер Лајен.

 

Со месеци го говориме. Сега се потврдува.

 

⚖️ Лаура Ковеши пред членство. Не после.

 

Кога се јави Платформата минатиот пат? Закажаа собир во хотел. Тргна медиумската поддршка од Орбан–Вучиќ медиумско небото. Кога беше тоа?

 

Токму кога објавивме кој му плаќа на Мицкоски лобирање за состаноци. Кога објавивме за антимонот.

 

⛏️ Кога објавивме план за пет нови рудници за распродажба на Македонија.

 

Кога откирвме дека Дејвид Гета не е „нула денари“ туку 5.53 милиони евра.

 

Кога го откривме тендерот за фирмата поврзана со Ќуркчиев вреден 1,6 милиони евра.

 

Кога ја откривме големата пљачка на Македонија.

 

Кога го откривме тендерот Адамовиќ–Мицкоски, преку Божиновска, Лазаревиќ и Руднап.

 

💡 Од вчера има најава за нови таканаречени „паметни“ броила. Паметни се. За арамијата и екипата. Не за сметката на граѓанинот.

 

Сега граѓаните гледаат дека повеќе не е чудно како работи Платформата знам 2.0. На далечинско. По потреба.

 

Секогаш во важен момент, кога откриваме работи за иднината на земјата и на граѓаните – баш тогаш се јавуваат шемаџиите. ЗНАМ 2.0.

 

Истите што седат со руската Левица. Анти-НАТО. Анти-ЕУ. Против стратешкиот партнер Америка. Баш со нив прават сојуз.

 

Ете вчера Левица објави, средба во Москва, со Комунистичката партија на Русија.

 

Немаат програма. Имаа тајминг. Нема антикорупција. Има корупција и дефокус.

 

📄 Писмото не е за СДСМ. Писмото е да не се зборува за признатиот македонски идентитет, заглавениот европски пат, Лаура Ковеши, за скандалите на власта, за рудници и за броила.

 

🤝 СДСМ не влегува во шемата. Останува со граѓаните и ќе продолжи да се бори за нив и интересите на државата.

 

Бандата бега од европски обвинител. Сателитите бегаат од темата. Народот веќе гледа кој кога се јавува!

 

⚖️ Наскоро доаѓа времето на вистина и правда. А бандата ќе одговара пред европско обвинителство!

Back to top button
Close