Хезболах: Претседателот на Либан треба да се повлече од преговорите со Израел

Претставникот на Хезболах, Хасан Фадалах изјави дека претседателот на Либан, Жозеф Аун треба да се повлече од преговорите со Израел.
– Во интерес на државата е претседателот на републиката и на владата да се повлечат од директните преговори и да се вратат на националниот консензус за најдобра опција за Либан – посочи Фадалах.
Тој потенцира дека Хезболах сака „да продолжи примирјето“, но со повлекување на израелската армија.
– Ќе се спротивставиме на секој обид за наметнување политички трошоци врз Либан преку отстапки кон израелскиот непријател – наведе Фадалах.
Аун претходно изјави дека одлучил да преговара со Израел за да го спаси Либан.
– Либан се соочува со два избора – продолжување на војната со сите хуманитарни, економски и политички последици или преговори кои ви довеле до завршување на судирот и воспоставување на стабилност. Избрав преговори и се надевам дека ќе успееме да го спасиме Либан – посочи Аун.
Тој посочи дека целта на разговорите со Либан е завршување на непријателствата, повлекување на израелските сили и распоредување на либанската армија долж меѓународно признаената граница помеѓу двете држави.






