Известувач на ЕП за Црна Гора: Политичарите да не го кочат процесот со идентитетски прашања


Известувачот за Црна Гора во Европскиот парламент, Марјан Шарец, истакнува дека формирањето на Работната група за пристапување кон ЕУ значи дека Црна Гора постигнала голем напредок во интеграциите и ги повикува политичарите што помалку да го кочат процесот со теми за тробојката, јазикот и идентитетските прашања.

Според Шарец, ова е знак дека работите почнале да се придвижуваат и од страна на ЕУ и дека Црна Гора остварила напредок кој овозможува веќе да се зборува за Договорот.

– Бројот на затворени поглавја сепак не е мал, а доколку не се затворат до крајот на годината, ќе се размислува за понатамошните чекори. Секогаш велев дека тоа е многу амбициозен план и оти секогаш треба да се има ‘план Б’. Доколку не бидат затворени оваа година, следната година има избори и ситуацијата во секој случај ќе биде посложена. Засега сè уште не би очајувал и не би рекол дека тоа е невозможно. Политичарите што е можно помалку да го кочат процесот, нека се зборува помалку за тробојката, за јазикот и за прашањата за идентитетот, бидејќи сега навистина не им е времето – истакна Шарец.

Back to top button
Close