Вучиќ: Не разбирам зошто на Младиќ не му дозволат да ги помине последните денови надвор од ќелијата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека здравствената состојба на воениот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој ја отслужува казната за воени злосторства во Хаг, е многу тешка и дека не разбира зошто не му дозволат да ги „помине последните денови надвор од затворска ќелија“.
„Ме информираше (министерот за правда Ненад) Вујиќ дека неговата здравствена состојба е многу сериозна. Не можеше да седи, го донесоа во болница во лежечка положба и тој одговараше на прашања во најкраток можен рок. Не разбирам зошто не дозволуваат некој да ги помине последните денови надвор од затворска ќелија. Но, дали сум особено изненаден? Не сум“, изјави Вучиќ.
Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор за злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина, доживеа мозочен удар на 10 април и се наоѓа во притворска болница во Хаг.






