Воен инвалид од 2001 година: Нашите рани не се украс, туку завет – Македонија да биде дом што не ги остава своите
По објавата на животнатат приказна на скопјанецот, кој во конфликтот од 2001 година останал 100% воен инвалид, а над 15 години чека стан од владина комисија, надлежните институции ветуваат дека предметот ќе се реши за брзо, но семејството реплицира дека низ годините постојано добивале ветување, но на крајот чекаат речиси две децении.

На с 22-години, скопјанецот Пепи, во 2001 година, бил на првата борбена линија во Арачиново, во одбрана на татковината од воен напад на терористичка организација. Бил тешко повреден од гранати и и оттогаш живее со 100% инвалидитет. Иако тој веднаш се одзвал на воениот повик на државата, сега таа со години не го гледа, ниту слуша. Надлежните државни органи цели 15 години не му го остваруваат правото кое со закон го следува, односно тој, неговата соопруга и трите малолетни деца, да добијат станбено згрижување.
– Advertisements –
-Нашите рани не се украс, туку завет: Македонија да биде дом што не ги остава своите. Кога државата беше во опасност, ние не прашавме колку ќе чини – дадовме сè. Денес не бараме ништо повеќе од тоа што ни следува: правда, одлука и држава што стои зад своите бранители.
Ова не е само реакција. Ова е глас на човек кој повеќе од дваесет години чека нешто што по закон требало да го добие за 30 дена.
Јас сум 100% воен инвалид – I група. Јас сум човек кој бил на првата линија кога требало да се брани државата. И денес, повеќе од 20 години подоцна, стојам пред истата таа држава и барам едно единствено нешто – одлука. Не милост. Не привилегија. Туку право, дециден е нашиот соговорник П.С.
Тој појаснува дека во јавноста, од страна на надлежните институции се создава впечаток дека неговиот случај е „во завршна фаза“, но тоа воопшто не е точно.
…






