Mицковски- Вицепремиерот Фетаи ми рече дека веќе не се гледа во овој владин состав кој го предводам

Со Фетаи се видовме пред неколку недели и во разговор ми рече дека тој повеќе не се следа во овој состав на владата кој јас го предводам  призна премиерот Мицковски во интервју на тв Сител. Со признанието премиерот ја потврди инфомацијата на министерот за здравство Азир Алиу, кој во интервју за 360 пред некој ден откри дека вицепремиерот за добро владеење веќе 1 месец на доаѓа на работа и на седници на владата и незнае дали е тука или негде отпатувал.

Владата реши да молчи за оваа изјава на министерот Алиу апотврдата дојде дури вечерва лично од премиерот Мицковски.

Премиерот Мицковски откри дека Фетаи му признал дека сака да се врати во Брисел- Белгија од каде што дојде на предлог на Вреди да биде вицепремиер. Јас му предложив рече премиерот дека би сакал да го искористиме да работи нешто за владата односно да биде специјален преставник наш во Брисел. Ќе видиме размислувам како да го ангажираме.

Во гостување на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, Алиу рече дека постоеле несогласувања на Арбен Фетаи во однос на политиките на ВЛЕН и Владата, но оти тие биле решени во рамките на коалицијата и дека во политиката е потребно секој да внесе енергија, знаење и промени, а кога некој не се чувствува како дел од една група, тогаш легитимно е да се разделат.

Back to top button
Close