Зголемени мерки за безбедност во Валенсија за мајсторката поради сопственикот на Панатинаикос

Раководството на кошаркарскиот клуб Валенсија реши да ги зголеми мерките за безбедност во „Роџ Арена“ за единствената мајсторка од четвртфиналето во Евролигата. Големата загриженост е пред сè поради сопственикот на гостинската екипа Панатинаикос Димитрис Јанакопулос.

На Јанакопулос нема да му биде дозволен влез во салата од причина што издржува суспензија од страна на Евролигата (три натпревари). Тој казната ја доби поради непримерно однесување, а казната е зголемена поради неколку повторени прекршоци.

Евролигата не размислува за повлекување на казната, иако станува збор за решавачкиот натпревар, а редарските служби ќе бидат максимално подготвени тој да не влезе особено во ВИП ложата и на местата покрај теренот.

Доколку се обиде да влезе може да биде дополнително казнет и парично од 30.000 до 280.000 евра.

Мајсторката меѓу Валенсија и Панатинаикос се игра во среда (13. мај) од 21 часот. Панатинаикос поведе со 2-0 во серијата, а Валенсија изедначи на 2-2 и на сите натпревари победуваше гостинската екипа.

Back to top button
Close