МЗТ Скопје Аеродром поведе со 2-0 во финалната серија против Маџари

Првакот МЗТ Скопје Аеродром поведе со 2-0 во добиени натпревари откако во натпреварот број 2 на домашен терен вечерва го совлада Маџари со 81:76 (23:17; 24:14; 19:22 и 15:23). Следниот натпревар се игра во недела, а улогата на домаќин ја има Маџари.
Кошаркарите на шампионот одлично го почна натпреварот и на полувреме водеше со 47:31, а неизвесност имаше во вториот дел и пред сè во самата завршница. По третата техничка грешка на клупата на Маџари тренерот Миодраг Тодоровиќ мораше да ја напушти, а веднаш потоа беше исклучен и неговиот помошник Ангел Тасевски. Без помош од клупата по слободните фрлања МЗТ Скопје А. поведе со 79:71, но последната минута Маџари со тројката на Ивица Димчевски и двата поена на Тери Армстронг – гостите намалија на 79:76, но до крајот на дуелот не постигнаа повеќе поени и домашниот тим ја забележа втората победа.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Мек Смит Меквен со 19 поени, а Војдан Стојановски постигна 18, додека кај Маџари Томи Луис постигна 25 поени






