(Видео) Два зајаци станаа интернет хит: „Тепачка“ снимена во гостиварско Куново

„Нарушени меѓузајачки односи во селото“, напишаа од Куново во описот на снимката.
На видеото се гледа како двата зајаци стојат исправени и меѓусебно се оттурнуваат, оставајќи впечаток како да се во вистинска расправија.
Куново се наоѓа во Општина Гостивар, а снимката предизвика бројни реакции и коментари кај корисниците на социјалните мрежи..






