Лице од беровско приведено во Струмица, во неговото возило пронајдени дрога, оружје и муниција
Приведено е едно лице од беровското село Двориште кај кое биле пронајдени дрога, оружје и муниција. Лицето е приведено во Струмица ноќеска во 02 часот.
– Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е кокаин. Додека, при преглед на возилото, во багажниот простор биле пронајдени оружје, муниција и други делови од полициска опрема, за кои постои сомнение дека неовластено ги поседувал, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.






