Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните
e
Македонија се наоѓа меѓу послабо рангираните европски држави според перцепцијата на граѓаните за квалитетот на здравствениот систем, покажува „Numbeo Health Care Index 2026“.
Според објавената ранг-листа, Македонија има индекс од околу 55 поени и е сместена во долниот дел од европската табела, заедно со држави како Босна и Херцеговина, Украина и Романија.
На листата, како земји со најдобар здравствен систем според перцепцијата на граѓаните, се рангирани Тајван, Јужна Кореја и Холандија, додека меѓу најлошо оценетите се Сирија, Венецуела и Бангладеш.
Во регионот, Македонија е подобро рангирана од Србија и Албанија, но зад Хрватска, Словенија и Грција.
Индексот на Numbeo е базиран на анкети и перцепции на граѓани, а ги мери:
* квалитетот на медицинскиот кадар,
* здравствената инфраструктура,
* брзината на услугите,
* трошоците за лекување,
* достапноста и довербата во системот.
Според анализата, најслабо оценети сегменти во македонското здравство се долгото чекање за услуги, ефикасноста на институциите и современата медицинска опрема. објави Скопје1.мк






