Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на „Бехтел и Енка“

Цели две години МВР со Панче Тошковски не презема никакви дејствија за криминалот со фирмата за надзор над проектот со „Бехтел и Енка“, иако во јавноста беа објавени сериозни сомнежи за милионски злоупотреби и енормни хонорари.

Според информациите од обвинителството, предметот практично тапка во место поради непостапување на МВР во предистрага која трае две години, за која обвинителството пратило и ургенции до МВР, се вели во соопштението од Левица.

 

Од партијата велат „Во меѓувреме, се менува сопственичката структура во фирмата за надзор „Електра Солушнс“ и нов сопственик станува Бојан Савески – кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен соработник на Коце Трајановски. Со тоа, ДПМНЕ од наводен критичар на криминалниот договор со „Бехтел и Енка“ стана директен учесник во шемата од која се вртат милиони евра народни пари“.

 

– Advertisements –

 

„Особено симптоматична е улогата на „Електра Солушнс“ – фирма која јавноста ја памети како компанија за долен веш, а која подоцна доби околу 8 милиони евра од надзорот над коридорите. Токму ВМРО-ДПМНЕ, додека беше во опозиција, јавно прашуваше како фирма за долен веш добива милионски договори за стратешки инфраструктурен проект. Денес, кога нивни луѓе влегуваат во структурата на надзорот, за истата фирма и истиот криминал – Мицкоски молчи. Јавно објавените информации покажаа и вртоглави суми за ангажираните експерти од Македонија преку оваа фирма: по 20.000 евра месечно за надзорни инженери и дури 300.000 евра по преговарач!

Панче Тошковски и МВР уште еднаш покажаа дека ветувањата за одговорност за историскиот криминал со „Бехтел и Енка“ биле само предизборна лага. Откако Артан Груби им „избега“, па сам се врати без институционална реакција, сега истите структури го штитат и криминалот со „Бехтел и Енка“. ДПМНЕ не само што не го гони историскиот криминал со „Бехтел и Енка“, туку очигледно реши да стане дел од него“ е ставот на Левица.

Back to top button
Close