Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

На штотуку асфалтирана улица во Охрид, пропадна камион. Се работи за сообраќаен инцидент кој се случил на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид.
Асфалтирањето на улицата со површина од 4 800 м2, заврши минатиот месец а вкупната цена на проектот изнесувала повеќе од 130 илјади евра.
„По повеќе од 6 месеци хаотични и неспособно водени работи на улицата „Аџи Мустафа“, денес камион пропадна среде патот. Наместо безбедна и функционална улица, граѓаните добија раскопан хаос“ – реагираа од СДСМ Охрид.






