Обвинет за Пулс фотографирал доказен материјал и го споделувал со профили – Обвинуваат семејствата на загинатите
Јавноста е повторно разбранувана по најновото Мислење донесено од страна на Советот за етика во медиумите, со кое што ги осуди објавите на профили на социјалните мрежи со наводни токсиколошки анализи од загинатите во дискотеката Пулс, при што се прикажани имиња на починати и наводни концентрации на разни супстанци пронајдени при обдукциите.
Во своето Мислење, СЕММ посочува дека објавената „…содржина е длабоко спротивна на елементарните принципи на човечко достоинство, сочуствување и јавна одговорност и не ги исполнува ниту основните професионални и етички стандарди на новинарството.
Објавувањето форензички и токсиколошки податоци со имиња и презимиња на починати лица, проследено со непотврдени и сензационалистички конструкции, претставува вулгарна и бесчувствителна злоупотреба на трагедија и човечка болка и по ниту еден основ не може да се смета за медиумско информирање.“ – стои во Мислењето на СЕММ.
Веднаш по објавувањето на Мислењето од страна на Советот за етика, се огласија и од семејствата на загинатите:

viber slika
Веднаш по објавувањето на Мислењето од страна на Советот за етика, се огласија и од семејствата на загинатите:
Семејствата на загинатите посочија дека се згрозени од „користењето на починатите како алатка за публицитет, манипулации и перење одговорност на обвинетите“
„Таквите содржини не се новинарство, туку евтин публицитет граден врз туѓа несреќа.
Особено загрижува што, со цел да се создаде наратив дека жртвите самите се виновни за својата смрт, доверлив доказен материјал, кој во судница во Идризово најпрвин бил доставен до адвокатите на обвинетите, подоцна делумно бил фотографиран и препраќан од страна на Николчо Гоцев, градежен инспектор од Кочани, преку материјалите доделени на неговиот адвокат Зоран Зафировски, до медиуми и адвокати, со цел во јавноста да се пласира селективна и изобличена „вистина“.
Според нашите сознанија т.е. докази, повеќето лица и медиуми одбиле да учествуваат во таква злоупотреба. Но таканаречениот „Буре весник“ очигледно немал проблем да гради сензационализам и кликови врз грбот на мртвите деца и болката на нивните семејства.
Воедно, за Николчо Гоцев по оваа злоупотреба е во тек истражна постапка за кривично дело, што дополнително ја отвора потребата институциите конечно да утврдат:
кој незаконски ги споделувал селективно доказите,
▪️ како доверливи материјали завршувале по квази-медиуми,
▪️ и во чиј интерес се водеше валкана кампања врз жртвите и нивните семејства.“ – велат од Здружението „16-ти март 2026“.
Семејствата јавно се обратија и до профилот кој ги објави наводните токсиколошки анализи:
„Вашите лични битки, суети и агенди со поединци немојте да ги водите газејќи врз 63 изгорени млади животи.
Не ги користете мртвите деца како алатка за публицитет, манипулации и перење одговорност на обвинетите.
Очекуваме, ако барем малку имате доблест и човечност, јавно да им се извините на семејствата и веднаш да го отстраните објавениот пост.“ – стои во реакцијата од семејствата на загинатите.
Образложение на Мислењето од Советот за етика во медиумите
Во пожарот на 16 март 2025 во дискотеката Пулс загинаа 63 лица, а над 200 лица беа повредени, од кои 157 тешко повредени.
.