Кривична пријава против делчевец затоа што намерно предизвикал шумски пожар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“.

Како што информиораат од МВР, на 7 април 2026 година на место викано „Тафрачко маало“ во село Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар.

Во пожарот биле оштетени површини што припаѓале на девет сопственици на катастарски парцели во село Бигла.

Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close