Кремљ: Русија ќе продолжи со систематските напади врз Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по украинските напади врз нафтен терминал и военопоморска база во Санкт Петербург, ќе продолжи со систематските напади врз Украина.
– Што се однесува до конкретниот (одговор) на нападите: информациите за ова се прерогатив на регионалните власти и нашето Министерство за одбрана. Но, генерално, можам да кажам дека специјалната воена операција продолжува, токму со цел да се спречат ваквите напади, наведе Песков.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека украинската армија уништила нафтен терминал во Санкт Петербург, како и фабрика за производство на оружје во Тамбовската област.
Погодениот нафтен терминал во Санкт Петербург е оддалечен од украинската граница 1.100 километри.






