( Видео) По три дена неоправдано отсуство следува отказ – лажното боледување на Лукровски заврши, а тој сè уште не оди на работа – вели Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција го повика Инспекторатот за труд да го провери отсуството од работа на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски со оглед на тоа што не се појавил на работа една недела откако му заврши, како што го нарече, лажното боледување.
„Наводното боледување му е истечено на 30 мај. На него пишува дека вработениот треба да се јави на работа на 30 мај. Оттогаш до денеска тој не се појавува на работа, а Законот за работни односи во член 82 став 1 е јасен – ако вработениот не се јави три последователни дена на работа и не го оправда своето отсуство му следува отказ без отказен рок. Вработениот може да отсуствува од работа по три основи – ако е на службен пат, ако отворил годишен одмор или ако отворил боледување. Тој не отворил ниту боледување затоа што докторите одбиваат да му отворат лажно боледување како што беше случај минатиот пат“, рече Јакимовски на денешната прес-конференција.
Поранешниот градоначалник го повика Инспекторатот за труд да постапува во врска со случајот бидејќи, како што рече, Законот за работни односи е системски, важи за секој вработен во државата и не смее да се дозволи негова злоупотреба и кршење од страна на градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски.
„Можно ли е 500 000 вработени во оваа држава ако три дена не дојдат на работа да добијат отказ, а само градоначалникот на Карпош може и понатаму да се излежава и да седи дома, да не доаѓа на работа и да нема никакво оправдување за тоа, а притоа да биде заштитен од премиерот Христијан Мицкоски кој вели дека по боледувањето му треба на човекот малку одмор. Ова е навреда на интелигенцијата и на здравиот разум на граѓаните на Карпош и мислам дека Инспекторатот за труд треба да дојде и да констатира техничка победа на граѓаните на Карпош над беззаконието што го прават ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, додаде Јакимовски.
Тој смета дека Лукровски се крие зад лажно боледување бидејќи не сака повеќе да доаѓа на работа, а причините за тоа, додаде Јакимовски, најдобро ги знаат неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наводното боледување му е истечено на 30.05 и на него пишува дека вработениот треба да се јави на работа на 30.05, но од тогаш до денеска, не се појавува на работа, а Законот за работни односи, Член 82, Став 1 е јасен и вели дека ако вработениот не се јави три последователни денови на работа и не го оправда своето отсуство, му следи отказ без отказен рок. Овој вработен може да отсуствува од работа по три основи, ако е на службен пат, ако е на годишен одмор или ако е на боледување. Тој не отвори боледување затоа што докторите одбиваат да му дадат лажно боледување како што се случи минатиот пат. Замислете, можно ли е, 500 илјади вработени во оваа држава да добијат отказ без отказен рок ако три дена не дојдат на работа, а само градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски може и понатаму да се излежава и да седи дома и тоа под заштита на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој рече дека после боледувањето му треба на човекот малку дома. Ова е навреда на интелигенцијата и на здравиот разум на граѓаните на Општина Карпош“, рече Јакимовски.
Го повика Трудовиот инспекторат да констатира техничка повреда на граѓаните на Општина Карпош.
„Законот за работни односи е системски закон и е основен за секој вработен. Тој не може да важи за сите граѓани, ама не за другарот на Христијан Мицкоски, да не доаѓа на работа и да нема никакво оправдување, а тоа да се случува во услови кога директорката на ИЈЗ држи пресови и кажува дека луѓе не доаѓале на работа и земале плата. Во конкретниов случај во Општина Карпош, тој зема 3.000 евра бруто плата. Општина Карпош плаќа двајца градоначалници, а како да нема ниту еден градоначалник“, вели Јакимовски.
Додаде дека секој вработен мора да се раководи по Законот за работни односи. Повика да се оди на предвремени локални избори во Карпош.
„Најздраво решение е граѓаните на Карпош да си го кажат своето мислење на избори и мислам дека нема потреба повеќе од резилење и изживување со граѓаните на општината, зошто луѓето имаат секојдневни потреби. Вработените кои ми се јавуваат, велат „се уморивме од неработење“. Ние доживуваме целосен застој и тоа не го заслужуваат граѓаните на Општина Карпош. Јас навистина би бил многу среќен кога после мене ќе дојде некој подобар од мене и ќе биде посветен, но очигледно дека овој човек мајка му не го родила за оваа работа и со сила не бива ништо. Сметам дека господинот Христијан Мицкоски треба да биде коректен кон своите сограѓани од општината затоа што ова нема смисла повеќе и треба да си одиме на избори“, посочи Јакимовски.
Поранешниот градоначалник не откри дали би се кандидирал за петти мандат – вели дека тоа ќе го покажат анкетите.
„Каде и да одите во Општина Карпош, секоја коцка што ќе ја видите е поставена од мене, секој квадрат асфалт, секоја сијалица, секоја фасада, секој метар должен канализација и така натаму. Сето тоа нормално дека емотивно ме врзува. И имало многу проблеми. Сето тоа значи поголемо задоволство кога ќе се надминат проблемите. Граѓаните на Карпош мора да имаат избор и очекувам добро да размислат за кого ќе го дадат гласот на наредните избори“, кажа Јакимовски.
Ексградоначалникот смета дека најздраво решение во моментов е Општина Карпош да оди на предвремени локални избори за граѓаните да го кажат своето мислење. Јакимовски не ја исклучува можноста доколку се одржат избори, тој повторно да се кандидира за градоначалник на Карпош.
„Општината е во целосен застој. Би бил среќен ако после мене дојдеше некој што навистина е подобар од мене, кој ќе сака многу повеќе да работи, ќе внесе новини, да биде посветен на решавање на проблемите, а очигледно дека овој човек мајка му не го родила за оваа работа. Граѓаните мора да имаат избор и очекувам дека добро ќе размислат за кого ќе го дадат гласот на наредните локални избор“, додаде тој.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека здравствената состојба на градоначалникот на Карпош е таква што бара мирување. Во однос на тоа дали отсуството од работа и по завршувањето на боледувањето на Сотир Лукровски претставува злоупотреба, премиерот упати ваквото прашање да му се постави на директорот на ФЗО.






