Холандски државјанин баран со меѓународна потерница, уапсен во близина на Бит Пазар

На подрачјето на Бит Пазар во Скопје е уапсен 40-годишниот Б.А.С. (40), холандски државјанин кој бил баран со меѓународна потерница, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, осомничениот е лишен од слобода од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, по претходно преземени оперативно-тактички мерки.
„Лицето е барано со меѓународна потерница распишана од Холандија за сторени повеќе кривични дела – илегална миграција, криумчарење на мигранти и сексуална експлоатација“, соопшти МВР.
Од МВР додаваат дека Б.А.С. е предаден во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.






