До четврток претпладне сончево, попладне со услови за локален дожд

До четврток времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР најавуваат дека во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени.

Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Back to top button
Close