Над плоштадот „Скендербег“ ќе се гради „албанска библиотека“, најави Меџити


Општина Чаир ги започнува постапките за изградба на „албанска библиотека“ над плоштадот „Скендербег“ , изјави денеска градоначалникот Изет Меџити на прес-конференцијата по повод затворањето на Саемот на албанската книга.

Според него, новата библиотека ќе биде современ простор наменет за ученици, студенти, истражувачи и сите граѓани, создавајќи нови можности за читање, учење, истражување и културен развој.

Ќе ја изградиме албанската библиотека. Ја започнуваме постапката за трансформација на просторот над плоштадот ‘Скендербег’ во современа библиотека, отворена за учениците, студентите и сите граѓани. Таа ќе биде дом на знаењето и културата во срцето на Чаир, изјави Меџити.

Меџити ја нарече иницијативата „проект од особено значење за културниот и образовниот развој на заедницата“.

Back to top button
Close