Филипче: Фронтот за вистина и правда ги обединува граѓаните, младите и прогресивните сили за промени

Во интервју за „Неделник.рс”, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, говореше за борбата против корупцијата и потребата од широко општествено обединување за враќање на правдата и институциите во служба на граѓаните.
Филипче истакна дека СДСМ и граѓанскиот сектор работат на враќање на темата за корупцијата во фокусот на јавноста.
„СДСМ и дел од граѓанскиот сектор се обидуваат прашањето за корупцијата и одговорноста повторно да го вратат во фокусот на јавноста, бидејќи Мицкоски со помош на нему наклонетите медиуми успеа да го потисне”, рече Филипче.
Тој нагласи дека токму затоа е формиран широк Фронт за вистина и правда, како платформа која ги обединува сите кои сакаат промени.
„Формиравме широк Фронт за вистина и правда и ги повикавме опозициските партии, невладините организации, интелектуалците, активистите и младите луѓе кои ја сакаат својата држава и сакаат иднина во Северна Македонија да ни се придружат”, истакна Филипче.
Претседателот на СДСМ посочи дека оваа борба веќе добива и регионална димензија преку новата „Скопска иницијатива”.
„Соработката ја прошируваме и на регионално ниво. Овој викенд во Скопје го покренавме меѓународниот собир наречен ‘Скопска иницијатива’, заедно со сестринските партии од регионот, за да застанеме зад заедничка платформа за борба против авторитарните режими, корупцијата и за европска интеграција на регионот”, нагласи Филипче.
Тој порача дека суштината на Фронтот за вистина и правда е враќање на демократските вредности и институционалната одговорност.
„Студентите во Србија со своето движење успеаја да ја променат свеста кај голем дел од граѓаните. Покажаа дека кога младите, граѓанското општество и опозицијата настапуваат заедно, авторитарниот модел може сериозно да биде доведен во прашање. Слична борба водиме и ние во Северна Македонија преку Фронтот за вистина и правда. Вистината значи слободни медиуми кои нема да бидат под контрола на власта и партиските интереси. Правдата значи вистинска борба против корупцијата и криминалот, а не празни ветувања.„ вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче за Неделник.рс.

Pad Orbana ruši osovinu Mickoski-Vučić: Lider opozicije u S. Makedoniji za Nedeljnik

Back to top button
Close