Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

Мицкоски самиот се фали колку многу му пораснал рејтингот.
Дали затоа што растат цените во маркетите, продавниците и на пазарите затоа расте и рејтингот на Мицкоски?
Или можеби рејтингот на Мицкоски пораснал затоа што работниците имаат најниски плати во Европа и најмала минимална плата во регионот?
Или затоа што натовари нови 2,5 милијарди евра нови долгови на грбот на народот а странските инвестиции паднаа за 60%?
Можеби заради скарените субвенции за земјоделите?

Дали рејтингот на Мицкоски расте затоа што не исполни ниту едно изборно ветување?
Толку ли многу се благодарни граѓаните?
Или рејтингот на Мицкоски расте поради најавата дека треба да чекаме децении за членство во ЕУ додека министрите во неговата влада се со бугарски пасоши?
Дали поради криминалот и корупцијата и милионите украдени од криминални тендери?
Рече дека нема да има предвремени избори, сега вели дека ќе има. Постојат двајца Мицковски.
Едниот го менува името, другиот молчи. Едниот ќе го укинува Преспанскиот договор, другиот го фали НАТО. Едниот би одел на избори, другиот не сака.
На кој од овие двајца да му се верува? М?
И во Унгарија „анкетите” контролирани од Орбан покажуваа дека тој води и дека Маџар ќе загуби, но на изборите се покажа дека тие се лажни анкети и класична манипулација.
Така и кај нас со лажните анкети на Мицкоски платени 400.000 евра со пари на граѓаните.
Една работа покжауваат анкетите во Македонија: Мицкоски и ВРМО многу лажат!

Back to top button
Close