(Видео) Мојсоска: АХВ повеќе од една недела не ги објавува фирмите што манипулирале со декларации на млечни производи, дали Трипуновски чека рекет од фирмит
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, обвини дека директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, повеќе од една недела не ги објавува имињата на фирмите кои, според наодите на институциите, манипулирале со декларациите на млечните производи.

Во видео-објава на социјалните мрежи, Мојсоска поставува прашање дали зад одложувањето стојат други интереси и го повикува министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, да објасни зошто јавноста сè уште нема информации за компаниите кои наводно ги прекршиле прописите.
„Дали министерот Трипуновски го чека рекетот од овие фирми за да не ги објави, затоа што неговиот директор Анакиев со 50.000 евра мито беше уапсен токму во зградата каде што живее Цветан Трипуновски?“, прашува Мојсоска во својата објава.
Од АХВ и од Министерството за земјоделство засега нема официјален одговор, а јавноста сè уште очекува информација за тоа кои компании биле опфатени со контролите и какви мерки ќе бидат преземени против евентуалните прекршители.






