КОЊОПОЈ ДО МУЗИКАТА

Кој не сака да плати, ќе му ги пуштиме кучињата да го изедат.

Не знам само од каде го извади оптимизмот и премиерот Христијан Мицкоски, откако само тој од лидерите од Западниот Балкан имал билатерални средби со германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон на Самитот во Тиват, Црна Гора. Што се однесува до ЕУ, нема место за оптимизам. Уште долго ќе се влечеме ние со последиците од бугарското вето.

При војна во Иран која веќе предизвикува огромна економска криза низ цел свет и при војна во Украина која четири години ја дестабилизра цела Европа, никој нема да се занимава со фрустрациите на Македонија и Бугарија. Тоа што го зборува Мицкоски секој ден на темата ЕУ и Бугарија е само за внатрешна употреба. Во функција на новите избори. Ништо ново. Веќе виден филм.

Власта не може да реши проблем на една кафеана што малтретира илjaдници жители во центарот на главниот град, па ќе се справи со Бугарија, што ја малтретира целата македонска нација, и ќе ја смени преговарачката рамка со уште 26 други земји-членки на ЕУ.

И да е само до оваа власт. Колку власти се сменија, а проблемите со локалните моќници не се решаваат.

Фасцинира сервилноста на политичарите кон насилниците. Така е, кога им е поважна резервацијата за коњопој најблиску до музиката отколку интересот на граѓаните што ги гласале. Не се срамат ни да се сликаат и да се објават на Фејсбук.

Треба да има диско. Треба да има ноќен живот. Треба да има спортски терени. Треба да има кафеани. И летни тераси треба да има. И коцерти на отворено треба да има. И места за пушење треба да има. И оџаци од скара треба да има. Сѐ треба да има.

Ама затоа имаме и институции, локални и државни. За сето тоа да го регулираат на начин што ќе обезбедат соживот на сите. И да не се плашиме кога ќе побараме заштита од државата. Затоа ја бираме власта на избори. За да ги одржува правилата што самата ги донела. А не да владее законот на посилниот.

Впрочем, затоа имаме држава. Инаку ќе се тепаме по улици.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК

Back to top button
Close