По втор пат во историјата, жена ќе биде главнa судијка на натпревар од Светско првенство

Жена судија ќе го суди натпреварот Чешка – Јужна Африка. Тори Пенсо е назначена за главен судија на натпреварот од Светското првенство 2026 година помеѓу Чешка и Јужна Африка.

Триесет и деветгодишната Американка ќе стане втората жена што ќе суди на натпревар од Светското првенство за мажи. Натпреварот ќе се игра денес (18 јуни) во Атланта со почеток во 18 часот по македонско време.

Стефани Фрапар од Франција стана првата жена судија на еден Мундијал. Таа на Светското првенство во 2022 година го судеше натпреварот од групната фаза помеѓу Германија и Костарика (4:2).

Back to top button
Close