СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата
26.06.2026 16:01
724 Читање помалку од 1м
Сопштение на СДСМ

По две години лаги, Христијан Мицкоски конечно го призна она што СДСМ го кажуваше од самиот почеток.
Мицкоски изјави дека не очекува промена на преговарачката рамка со Европската Унија, бидејќи за тоа е потребен консензус од сите земји членки.
Ова е исто она што го кажуваа и експертите, СДСМ, и самата Европска Унија уште пред две години.
Но тогаш, кога тоа го кажуваа други, Мицкоски и криминална група ВМРО ги нарекуваа „предавници”.
Две години ја држеа државата во заложништво со лажното ветување дека ќе ја сменат преговарачката рамка.
Две години ја блокираа европската интеграција, со Латас и Орбановите медији ширеа евроскептицизам и ја туркаа Македонија во изолација.
Сега, Мицкоски признава дека нема што да се смени.
Признава дека неговите ветувања биле нереални и само пропаганда.
Признава дека целата негова политика кон ЕУ била заснована на лага.
Ова е признание на политички банкрот.
Мицкоски дојде на власт со лаги.
Две години ја водеше државата во погрешна насока.
Сега, кога нема повеќе каде да се крие, е принуден да ја признае вистината.
Но вистината доаѓа предоцна.
За овие две години Македонија изгуби драгоцено време, изгуби дел од довербата на европските партнери и се најде во најдлабока
изолација во последните децении.
СДСМ уште еднаш повторува да Европскиот пат нема алтернатива.
Единствениот пат напред е чесен и одговорен пристап, а не политички театар за домашна употреба.
Мицкоски конечно ја призна вистината. Намерно и свесно ја блокира земјата.
Сега граѓаните, неговите гласачи, треба да го признаат неговиот политички неуспех.






