(Видео) Крмов: ДПМНЕ ги остави земјоделците на милост и немилост на прекупците – одбиени амандманите на Левица за државни откупни центри

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, при расправата по амандманите на Левица на ребалансот на Буџетот, пратеникот Борислав Крмов ги образложи амандманите на Левица со кои се бараше обезбедување средства за државни откупни центри во Кочани, Свети Николе, Велес, Струмица, со цел да се обезбеди сигурен пласман и фер откупни цени за земјоделците

Осврнувајќи се на улогата на државата, Крмов истакна дека земјоделството не смее да биде препуштено исклучиво на пазарната логика:

„Приватен бизнис го интересира само профит, и тоа краткорочно. Не го интересира општата состојба во државата. Тука мора државата да интервенира.“

Но, парламентарното мнозинство предводено од ДПМНЕ го одби и овој амандман, оставајќи ги земјоделците повторно сами пред диктатот на откупниот картел и нелојалната конкуренција од евтиниот увоз.

Извор: fokus.mk

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close