Грчките граници утре ќе бидат затворени четири часа

Цариниците во Грција утре ќе одржат штрајк, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми.
Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени.
Автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот.
Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).
Штрајкот дополнително ќе ги зголеми гужвите на граничните премини среде летна сезона.






