Новата израелска амбасадорка во Македонија била блокирана од Милановиќ

Новата израелска амбасадорка во Македонија која е назначена од израелската влада преходно била блокирана од хрватскиот претседател Милановиќ кој одбил да ја прими за прв дипломат во Загреб.
Откако пропаднал планот Нисан Амдур ќе биде амбасадор за Македонија која ќе ја покрива од Ерусалим.
Амдур има сериозна дипломатска кариера. Таа е израелски дипломат од кариера кој бил на повеќе важни дипломатски дестинации вклучувајќи ги Анкара и Каиро, како и во Вашингтон.
Новата амбасадорка за Македонија е во брак со колегата израелски дипломат од кариера Галит Барам.
Оваа година мај 2026 година, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде претседателски агреман Амдур да ја преземе функцијата амбасадор, наведувајќи несогласувања со политиките на израелската влада и протоколарни прашања.
Бидејќи формалното претседателско одобрение било одбиено, потоа се планирало Амдур да дојде во Загреб во улогата на вршител на должноста амбасадор од пониско ниво, што не бара формална претседателска согласност. Сепак Израел на крајот се откажал од оваа идеја.
Според објавеното, ова е првпат во историјата на Хрватска еден претседател да го сопре одобрувањето за назначување на амбасадор.






