Американски училишта воведуваат заштита со дронови со бибер-спреј

Како одговор на зголемениот број вооружени напади, училишта во три држави во САД воведуваат употреба на дронови опремени со бибер-спреј што ќе бидат во постојана состојба на подготвеност и ќе се активираат на повик.
Производителот Mithril Defense наведува дека нивните дронови можат да достигнат брзина до 100 километри на час и да пробијат стакла на прозорците. Според тврдењата на компанијата, тие можат да го достигнат напаѓачот во рок од петнаесет секунди.






