Европол: Криминалните организации регрутираат малолетни убијци преку социјалните мрежи

Европските криминални мрежи, вклучително и шведската групација „Фокстрот“ (Foxtrot), го користат таканаречениот модел „насилство како услуга“ (VaaS) и ангажираат малолетници за извршување убиства и напади преку социјалните мрежи, соопшти Европол, предупредувајќи дека овој тренд се шири од Скандинавија кон други делови на Европа.

Според податоците на Оперативната работна група OTF GRIMM, формирана од Европол за борба против оваа појава, младите извршители се регрутираат преку интернет-платформи, а задачите им се претставуваат на начин сличен на видеоигрите, со упатства и ветување за парична награда.

Оперативната група GRIMM моментално опфаќа 11 земји: Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство

Back to top button
Close