Мароко демантираше вмешаност и ги посочи виновниците за мигрантската криза во Сеута

Мароканската влада ги посочи дезинформациите на социјалните мрежи како причинител и ги обвини мрежите за трговија со луѓе дека стојат зад масовниот бран мигранти кои последните денови влегоа во шпанската ексклава Сеута.

Според мароканското Министерство за внатрешни работи, лажни информации објавувани на социјалните мрежи, активностите на криумчарските групи и погрешното толкување на одлука на шпански суд ги навеле мигрантите да поверуваат дека можат да влезат во Европа без веднаш да бидат вратени.

Според официјални проценки, меѓу 50.000 и 60.000 мигранти влегле во Сеута од Мароко до петокот, пристигнувајќи во град со околу 85.000 жители за само неколку дена.

Мароканските власти, пак, соопштија дека околу 40.000 лица влегле во Сеута, додека уште 1.135 се обиделе да стигнат до Мелила. Според нив, сите што пристигнале во Мелила веднаш биле вратени.

Во меѓувреме, постојат различни информации и за бројот на жртвите. Мароко соопшти дека загинале 11 лица, додека шпанските власти наведуваат дека најмалку 72 мигранти го загубиле животот при обидот да стигнат до Сеута, пренесе ДПА.

Мароканските власти соопштија дека продолжуваат да соработуваат со Шпанија за проверка на извештаите за дополнителни жртви, како и за утврдување на идентитетот и националноста на загинатит

Back to top button
Close