Два активни пожари на отворено: Гори во општините Македонски Брод и Струмица

Денеска до 18 часот има два активни пожари на отворено, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека гори кај местото викано Стојанова Населба во селото Грешница во Општина Македонски Брод и меѓу селата Ново и Старо Коњарево во Општина Струмица.

 

Денеска се регистрирани вкупно 18 пожари, од кои 12 се изгаснати, а четири се ставени под контрола.

 

Под контрола се пожарите кај депонијата во Делчево, кај селото Падалишта во Општина Гостивар, Во селото Долна Белива во Општина Струга, како и во селата Блато и Врбјани во Општина Кровогаштани.

Изгаснати се пожарите на следните места:

село Моноспитово во Оптина Босилово

село Севендели во Општина Валандово

селата Селемли и Стојаково во Општина Гевгелија

на автопатот Гостивар – Тетово во Општина Гостивар

село Фалиште во Општина Желино

село Теново во Општина Брвеница

покрај пругата во Маџари во Општина Гази Баба

во населбата Гоце Делчев во Општина гази Баба

село Дуброво во Општина Неготино

село Кондово во Општина Сарај

село Крупиште во Општина Штип

село Уларци во Општина Чешиново-Облешево

Back to top button
Close