Мигрант со рана од огнено оружје пронајден кај ГП Богородица

Ноќеска околу 01:30 часот во близина на граничната линија со Грција, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан, кои биле спроведени во Прифатно– транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Бидејќи едно од лицата имало повреда на раката, било пренесено во Итна медицинска помош, каде му била укажана помош и лекар констатирал дека повредата е од огнено оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот

Back to top button
Close