Активни 11 пожари

До 18:00 часот попладнево регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, еден е под контрола, а 10 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во Општина Делчево – м.в. Бигла, борова шума; Општина Пехчево – с. Црвник, борова шума;
Општина Куманово – с. Винце, ниска вегетација, при што се зафатени и куќи; Општина Струга – с. Делгожда кон с. Долно Татеши; Општина Прилеп – с. Бонче, ниска вегетација и нискостеблести растенија; Општина Прилеп – с. Лопатица, ниска вегетација; Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале во Општина Зелениково, мешана шума; Општина Студеничани – с. Цветово, стариот пат кон Елово, ниска вегетација и ниска шума; Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума; Општина Желино – с. Церово, ниска вегетација и папрат, на непристапен терен.
Под контрола е пожарот кај селот Церово во Општина Маврово и Ростуше, каде што се зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија.






