(Видео) Ставен под контрола пожарот кај Црник во боровата шума на граница со Бугарија


Голем шумски пожар попладнево избувнал во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Пожарот зафатил голема површина, а во гаснењето биле ангажирани локални пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци.

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена информацијата за пожарот, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе биле ангажирани на пожарот кај селото Бигла во Делчевско.

Тој изјави дека по добиената информација, дел од силите биле повлечени и упатени кон пожарот кај Црник. Во гаснењето се вклучиле Територијалната противпожарна единица од Берово, шумските претпријатија од Пехчево и Берово, како и доброволци од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево.

На барање на градоначалникот, во гаснењето интервенирале и ер-трактори, кои претходно биле ангажирани на пожарот кај Бигла. Леталата извршиле повеќе налети и исфрлиле вода врз огнената линија, со што помогнале пожарот да биде локализиран и ставен под контрола.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој беше на терен, станува збор за пожар во борова шума кој зафатил голема површина. Тој предупреди дека опасноста сè уште не е целосно мината.

По добиената информација за огнот кај Црник, како што кажа тој, дел од противпожарните екипи биле повлечени и упатени на ова место. Во гаснењето се вклучиле Територијалната противпожарна единица од Берово, шумските претпријатија од Пехчево и Берово, како и доброволци од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево.

На барање на градоначалникот, во гаснењето интервенирале и „ер тракторите“, кои претходно биле ангажирани на пожарот кај Бигла. Леталата извршиле повеќе налети и исфрлиле вода врз огнената линија, со што помогнале пожарот да биде локализиран и ставен под контрола.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, станува збор за пожар во борова шума кој зафатил голема површина. Тој предупреди дека опасноста сè уште не е целосно надмината.

„Сè уште се гледа чад. Се надевам дека пожарот е добро заокружен, дека нема да побегне надвор“,рече Ангелов.

Тој посочи дека пожарите во борова шума, според досегашното искуство, тешко се гаснат.

Се планира овој пожар целосно да биде изгаснат во текот на утрешниот ден.

Претходно, Ангелов информира дека пожарот, кој исто така денеска попладне избувна кај селото Бигла, кое се наоѓа на средина на патот помеѓу Македонска Каменица кон Делчев, е делумно ставен под контрола, благодарение на воздушната интервенција на трите „ер трактори“, на пожарникарите од Делчево, Берово, Кочани, Виница, како и на доброволните пожарникари, локалното население, екипите на „Национални шуми“ и локалната самоуправа.

Во овие два големи пожари, нема настрадани лица.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски изјави дека имало само лесни повреди кај лица, професионалци кои учествувале во гаснењето на пожарот кај Бигла.

„Тоа е поради вдишување чад, но според сите информации што ги имам, тука е директорката на здравствениот дом, тука се и претставници на МВР, истите се во добра здравствена состојба и се надевам дека во текот на денот ќе се вратат кај нивните семејства“,рече Гоцевски.

Како што додаде тој во гаснењето на пожарот учествувале голем број волонтери и припадници на доброволни протипожарни друштва.

-Се уште се гледа чад. Се надевам дека пожарот е добро заокружен, дека нема да побегне надвор, рече Ангелов. Притоа посочи дека пожарите во борова шума, според досегашното искуство, тешко се гаснат.

Се планира овој пожар целосно да биде изгаснат во текот на утрешниот ден.

Back to top button
Close