Повеќе не постоиш за мене – Роберт Саздов со порака до Билјана Крнческа
Лични закани и обвинувања на маргините на познатата македонска манифестација
Познатата македонска естрадна новинарка Билјана Крнческа од Прилеп објавува преписка со Роберт Саздов директор на фестивалот Макфест во Штип во врска со објава на пејачот Зоран Ванев кој остро го критикуваше Саздов за начинот на водење на музичкиоѕ настан.

Крнческа тврди дека Саздов и се заканувал само затоа што ја објавила реакцијата од Ванев.
,,Роберт Саздов еднаш засекогаш потврди дека е далеку од професионален уметнички директор на Макфест бидејќи се осмелува да ми се заканува како единствен новинар кој имал срце да ја пренесе реакцијата на Зоран Ванев. Затоа, на Саздов и на целата сцена му е јасно дека нема да дозволам вие да ми одредувате како ќе ја работам мојата новинарска професија, а уште помалку дека ќе бидам заплашен од вашите закани што сте научиле од позиција на моќ да ги упатувате. Што се однесува до моите други колеги кои, како што споменав, молчат за ваквите жестоки реакции, тоа е нивен избор, но очекувам да реагираат на оваа вербална закана кон мене бидејќи каубојското однесување не смее да се дозволи во уметноста, музиката и културата”, пишува новинарката овјавувајќи порака од Саздов.
„Мораше веднаш да се објави, а?
Не можеше да се почека, така?
Иако добро знаеш дека сѐ што таму пишува не е точно и е комплетна лага.
На крај излезе дека ти си единствената што го објави тоа.
Никој друг.
Алал да ти е.
Повеќе не постоиш за мене“, и напишал Саздов на новинарката.
Реакцијата се однесува на објавата на Зоран Ванев кој ги обвини Саздов и Јован Јованов за повеќе сериозни работи меѓу кои и киднапирање на Макфест и за перење пари.
Целата објава на Ванев:
МАКФЕСТ Е КИДНАПИРАН И ПРЕТВОРЕН ВО ПРИВАТЕН БИЗНИС!
ОСНИВАЧОТ СТОЈАН ТРОИЦКИ ЈА ПОТВРДИ СУРОВАТА ВИСТИНА!
Доста е молчење! Ова не е прашање на политика, ова е борба за музиката, за народот и за спас на јавните пари од приватни шеми!
Моето јавно разоткривање за тоа како најстариот и најпрестижен македонски музички фестивал „Макфест“ е киднапиран и претворен во приватна фирма од страна на еден музички клан, денес доби историска и шокантна потврда.
Човекот кој го создаде Макфест, визионерот и основач Стојан Троицки, јавно го кажа она што целата музичка фела го шепоти!
…





