Расел Бренд прогласен за виновен за силување и сексуални напади


Расел Бренд денеска е прогласен за виновен за силување на една од неговите обожавателки и сексуален напад врз три жени. Тој се соочува со повеќегодишна казна, а до крајот на животот неговото име ќе биде во регистарот на сексуални престапници.

Поротата го ослободи Бренд од уште две обвиненија за силување и едно тврдење за обид за непристоен напад.

Бренд (51) злоупотребувал жените што ги запознал додека станувал еден од најпознатите британски стендап комичари, ТВ и радио водител и холивудска филмска ѕвезда.

Неговите жртви тврдеа дека Бренд ги принудувал на сексуална активност, понекогаш во рок од неколку секунди од нивната прва средба, користејќи ја својата огромна слава за да ја оствари целта да има секс со 5.000 жени.

Шест жени сведочеа против Бренд, додека поранешниот комичар, кој некогаш беше во брак со Кети Пери, не можеше да убеди ниту еден од неговите познати пријатели или поранешни колеги од шоубизнисот да сведочат во негова одбрана.

Пресудата за Бренд ќе биде изречена на 9 ноември, нешто повеќе од три години откако првпат беше разоткриен како силувач и сексуален предатор.

Новинари од „Сандеј тајмс“, „Тајмс“ и „Ченел 4 Диспечес“ во септември 2023 година објави обвинувања од жени кои тврдеа дека биле силувани, сексуално злоупотребени и понижени од Бренд. Потоа уште четири жени го обвинија, а откако беше обвинет уште две жени пријавија сексуална злоупотреба.

Бренд е во брак со Лора Галахер, ќерка на голферот-победник на „Рајдер купот“, Бернард Галахер.

Back to top button
Close