Прерано е да се каже дали бомбашките закани што го нарушија воздушниот сообраќај се поврзани, вели европскиот комесар


Европскиот комесар за одржлив транспорт и туризам Апостолос Цицикостас изјави дека сè уште е прерано да се каже дали дојавите за поставени бомби, кои утринава го нарушија воздушниот сообраќај, се меѓусебно поврзани.

„Секоја закана насочена против цивили е неприфатлива“, напиша Цицикостас на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека е „прерано да се извлекуваат заклучоци дали случаите се поврзани“.

 

Ова е третпат неделава лажни дојави за поставени бомби да го нарушат европскиот воздушен сообраќај. Поради тоа, денеска беа пренасочени неколку летови, особено летови што требало да полетаат од Италија, како и авиони што летале кон Бугарија и Чешка.

Back to top button
Close